Вистинска трансформација на еден стан на Менхетен (пред и потоа)

Дизајнерите направиле вистинска трансформација на овој дом од 54 метри квадратни во простран, светол дом за двојката графички дизајнери.
Големо внимание е посветено на нивните колекционерски предмети, кои сега имаат посебно место во секој дел од домот.

let_there_be_light-collectibles-eames_leg_splint-living_room
Архитектите кои го дизајнирале новиот дом на двојката, срушиле ѕид за да го отворат просторот во трпезаријата.

let_there_be_light-before-demolished_wall-open_area
Во трпезаријата посебно внимание имаат постерите кои се во сопственост на двојката графички дизајнери.

let_there_be_light-dining_area-prints-chairs-dining_table
Трпезаријата и дневната соба ги одвојува интересен дел за складирање предмети кој одлично се вклопува во овој простор со вистински уметнички дух.

let_there_be_light-eames_storage_unit-living-dining_area-portrait
Архитектите ги замениле сите дрвени вратички со транспарентни вратички, кои ги привлекуваат сончевите зраци длабоко во станот.

let_there_be_light-kitchen-panelite_backsplash
Кабината во бањата е исто така транспарентна за да се овозможи што поголем продор на светлина.

let_there_be_light-kitchen-panelite_backsplash-bathroom_cabinet
Архитектите ги дизајнирале овие плакарчиња од бамбусова иверица кои служат за складирање низ целиот дом како во ходникот, бањата и во спалната соба.

let_there_be_light-hallway-bamboo_plywood-storage
Во спалната соба посебно внимание е посветено на книгите, кои се омилени на двојката дизајнери. И покрај тоа што добиле одлично место за складирање, несекојдневните полици додаваат разиграност на просторот.

let_there_be_light-bedroom-vintage_subway_sign-custom_bed
Старите цигли се еден од омилените елементи на секој дизајнер, бидејки секогаш додаваат топлина во просторот и лесно се вклопуваат во секаков ентериер со различен карактер.

let_there_be_light-exposed_i-beam-bamboo-plywood-desk-hallway
Ходникот е долг и тесен и во него се вметнати сите елементи кои се карактеристични за станот.

let_there_be_light-bathroom-panelite-lantern

 

 

Вака изгледал ходникот пред реновирањето.

let_there_be_light-before-hallway

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)