Состојбата со недвижнини во Скопје

Новите градежни зафати го преплавија градот Скопје и резултираа со бројни станбени единици кои сеуште чекаат празни. Овој тренд, меѓутоа, полека се менува, па така, се повеќе млади лица се одлучуваат за постојано живеалиште во Скопје.

skopje_panorama

Аеродром, засега, е најпопуларна општина, веројатно поради бројот на изградени објекти, а веднаш зад него е и Карпош. Цените на објектите, иако повеќе од нив сеуште празни, се изненадувачки високи. Лаици шпекулирааат за корекција на пазарот, при што гигантите за недвижнини би биле приморани да ги спуштат цените, но знаци за ова сеуште нема.

До земјиште во Скопје е тешко да се дојде, најверојатно поради тоа што математиката е навистина поволна за градење на своја парцела. Градежни фирми ширум Македонија, како и мали претпријатија кои работат на диво, успеваат да понудат цени два пати пониски од оние при купување на нов стан.

Цената за изнајмување, од друга страна, е исто така поволна, а многумина сметаат дека истата дополнително ќе се намалува.

Каде во Скопје е најдобро да се живее?

Додека останатите градови се исто така видоизменети, Скопје е тежок да се препознае. Фасадата, меѓутоа, не е единствената промена. Целосната инфраструктура претрпе голем број на зафати, а многу од населбите комплетно го сменија својот лик.

Реновирани коловози, кружни текови, велосипедски патеки, паркови и пријатни шеталишта… ова е новиот опис на бројни населби. Исклучителни промени можат да се забележат во населбата Аеродром, каде и поголем дел од градежниот бум всушност зазема место.

Центарот ги нуди истите цени како и пред десетина години, а промените, освен мегаломанскиот проект Скопје 2014, се маргинални.

Да се биде близу центарот, и особено старта населба Дебар Маало, е навистина примамливо, но паркинг прашањето и соораќајниот метеж се за многумина неиздржливи.

Многу странски портали, како Discovering Macedonia, се фокусираат токму на овој реон, и ги советуваат туристите својот престој да го минат во еден од бројните хостели и станови кои се издаваат на AirBnb. Многумина веќе се влезени во бизнисот на уредување и издавање станови, токму на фамозната платформа, а цените се навистина примамливи за македонски стандарди.

Изненадува и состојбата во населбата Жданец, каде бројни станбени единици веќе со години се издаваат на странци. Тие пак, по се изгледа, го преферираат зелениот појас близу Водно, и предност им даваат токму на овие населби.

Загадувањето е алармантно

Веќе многу години наназад проблемот со загадувањето е топ тема преку целата зимска сезона. Државните агенции, сеуште недецидни околу главните причини позади овој проблем, тапкаат во место.

Мерките, доколку можат да се наречат така, се симболични и популистички, а промена скоро и да нема. Единственото олеснување се чека при првиот ветер, а потоа повторно денови минати во магла и смог.

Собраќајот, иако посочен од многумина како главниот проблем, е најверојатно само дел од причинителите. Главниот виновник, според многумина, е греењето на дрва.

Состојбата низ целата држава е навистина непогодна, иако далеку подобра од онаа во Скопје. Таму, бројот на домаќинства кои се греат на дрва, иако процентуално помал кога би се зел градот во целост, е квантитативно далеку повисок споредбено со помалите градови.

Можеби станува збор за бројот на возила, фактот што бројни индустриски објекти се  близу градот, како и местоположбата на Скопје кој е впрочем обиколен со планини.

Поради ова, вреди да се разгледаат и другите опции, каде квалитетот на воздухот е далеку подобар, а цените на становите значително пониски. Другите градови, за разлика од Скопје, уживаат и помала цена на прехрамбените производи, како и пониски цени низ малопродажните индустрии.

Пазарот на недвижнини

Иако многумина очекуваат цените да паднат, истите стојат цврсто со години наназад. И додека новите станбени единици чекаат да бидат вселени, за деловниот простор има висока побарувачка.

Со толкава миграција и проширување на градот, малите бизниси се борат за место. Ова им овозможува на сопствениците на деловен простор полека да ги креваат цените за кирија, па така, ќе забележите, местата веднаш се исполнуваат, а договорите траат долго.

Цената на издавање станбен простор е лош повраток на инвестицијата која што на многумина им делувала профитабилно, па така, многу од сопствениците се одлучуваат за издавање на туристи, макар и на рок од неколку дена.

Со оглед на тоа што туристичката понуда е во пораст, за трендот може да се очекува токму истото. Па така, голем број на хостели се отворија неодамна, спојувајќи две или пак три санбени единици.

Интересно е да се види каде овој тренд ќе продолжи, дали проблемот со загадувањето набрзо ќе се реши, и кога градежните активности конечно ќе застанат, а цените, можеби, ќе претрпат поголеми измени.

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)