Овој прекрасен мал дом воодушевува во секој аспект на својот совршен распоред. Навистина, големите нешта доаѓаат во мали пакувања. Станот се наоѓа во Москва – Русија и има површина од 45 м2. Просторот е поделен на дневна соба, кујна и скриена спална соба, заедно со неколку други компактни изненадувања.
Малиот отворен простор е бела школа која е уникатна со прилично многу пастелни акценти во секоја област.

Зоната за спиење е јасно одвоена од отворениот простор со тоа што нејзиното ниво е подигнато со дрвена платформа која крие огромни фиоки за чување на предмети од домот како и екстра перници и ќебиња.
Секој дел од овој простор е искористен максимално така што деловите кои се вишок се искористени како место за складирање предмети со цел да се зачува просторот максимално отворен.



Едноставната бела кујна е оживеана со необични плочки а вертикалниот простор е искористен во потполност со дополнителни полици на ѕидот.


Барот е дизајниран како преграден дел помеѓу дневната и кујната. Полн е со интересни елементи меѓу кои и големата табла која во исто време е и преграден ѕид.

Вовлечениот балкон со бела основа изгледа отворено и покрај малиот простор. Одлично функционира како простор за чување на растенија и повторно како место за складирање на предмети скриени во дрвените кутии. Дрвените кутии во исто време служат и како место за седење и опуштање во убавиот поглед низ прозорецот.

Малата бања е украсена со необични уметнички дела и интересни предмети кои го привлекуваат вниманието.

