Реставрација на магацин во прекрасен стилски дом

Паола Навон е италијански архитект кој обично скршнува од уредувањето на домашни ентериери, но овој посебен дом во италијанскиот регион Амбриа, го задржал нејзиниот интерес. Во минатиот живот пред два века, оваа бела куќа била магацин за сушење тутун но денес е прекрасен модерен дом со магичен ентериер кој го одзема здивот.
Сопствениците на овој дом, успеале да ја убедат Навон да го превземе проектот во нејзиниот впечатлив стил и пргав шарм и да го инјектира во рафинираниот стил на овој огромен простор.
Овој мозаик на бела боја како основа на ѕидовите и на мебелот , во склоп со неверојатните сиви бои на плочки, кожни елементи и дабовите греди во рустикален и индустриски изглед е чист и отворен и изгледа нереално добро.

11 22 33 44 55 66 77 88 99

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)