Оваа недела овој простор на неделата можеби е премногу мал за вообичаени потреби, но тој би бил практичен за студент или за еден човек кој нема потреба од голем гардеробер.

Овој простор од 17м2 може да покаже дека со добар вкус и со добар избор на декоративни елементи, може многу добро да се организира еден прекрасен простор за уживање.

Просторот е едноставен со дрвен под кој е доволен да им ја даде топлината на овие 17м2. Едноставните елементи дозволуваат игра со бои и лесно менување на расположението на станот.

Светлината пак е искористена одлично, а белата боја која сосема преовладува само го засилува нејзиниот ефект.

Светлата боја помага и во визуелно зголемување на просторот, што во овој случај навистина прави огромна разлика.

Црната боја пак, онаму каде се појавува, прави дискретен контраст и внесува дополнителна динамика и живост.

Тоа исто така одлично е постигнато и со внесување на неколку растенија каде зелената боја дополнително го истакнува контрастот, притоа додавајќи на топлина. Експерименти со боја, прават да и покрај доминантниот бел тон, наместо стерилна и ладна атмосфера, се добие еден простор кој зрачи со топлина.

Простор во кои дури и темните денови не би можеле да го нарушат расположението на оние кои обожаваат светлина.

Кујната пак е минимална и корисна за основните потреби. Мора да признаеме, ова мало студио во Стокхолм е совршено!
Prekrasno!