Подот во вашиот дом

Изборот на типот на под во вашиот дом е навистина битен. Се разбира, доколу градежните активности се завршени, и сите ставки околу дебелината на подлогата, кошулицата, и нивото на изолација се не само детално разгледани туку и поминати, следно останува да се размисли околу типот на подната подлога.

  • Плочки
plocki

Овде станува збор за многу цврста подлога, која не подлежи на влага или пак гребаници, и доста лесно се инсталира во споредба со паркет на пример. Цената може исклучително да варира во зависност од типот на плочка, лепакот, и начинот на редење, како и цената за работна рака. Предностите веќе ги знаеме (една од нив е преносот на топлина доколку се греете со подно парно), а единствена замерка можеби претставува лизгавата површина.

  • Ламинат

laminat
Далеку поразличен, и со огромни варијации кога е во прашање цената, ова е сепак опција за која многу семејства се одлучуваат. Делува доста “потопло”, брзо и лесно се мести, и е покриен со гаранција која застанува зад издржливост при влага, како и некои си оштетувања на самиот материјал. Многу семејства ја потенцираат звучната изолација како недостаток, и оној звук на удар секој пат кога чекорите по ламинатот.Како и да е, ова може значително да се намали, со поставување на филц подлога со спецификации за звучна изолација. Некои пак се жалат за малото чувство на стабилност и издржливост при потешки чекори или пак скокање – многу домашни фитнес програми како популарната “Insanity Max 30” содржат повеќе скокови и јако чекорење, па ламинатот делува навистина фрагилно.

  • Паркет

parket
Доста поскапа верзија се разбира, и со поголеми побарувања кога е во прашање инсталацијата – лакирање, местење итн… Сепак, паркетот ги има карактеристиките на неговите слични – бродски под и ламинат – плус звучната изолација, и онаа автентичност на вистинско дрво.

  • Бродски под

brodski-pod
Најскапа и најтешка варијанта за поставување, со карактеристики кои се скоро исти како и ламинатот, оваа опција делува навистина импресивно. Издржлива, со повремена потреба од повторно стругање и лакирање, е можеби една од најпривлечните естетски решенија. Како и да е, заостанува далеку позади други повеќе практични варијанти.

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)