Оддржување на домот

Многу е лесно за домот да се размислува како страница од списание. Ентериерот се планира, сите коцки доаѓаат на место, и тоа е тоа. Сите грижи околу домот се покриени зар не?

Decoration-Home-Inside

Така барем јас размислував додека не започнав да живеам во домот кој претходно го изградивме. Брзо дознавме дека живеачката не е слика од магазин- статична, со постојано уреден простор, непроменлива… Напротив, изгледа како одново и одново да гаснеме метафорички оган. Нешто се расипало, нешто треба да се додаде, нешто веќе не е практично да седи онаму каде што е…

Маката е мајка на снаодливоста, па еве овој пост нека служи како еден мал патоказ за оние кои сеуште веруваат дека домот е слика од магазин која седи и не се менува.

Организацијата е најважна

Еве еден мал трик кој ќе ви спаси време уште на самиот почеток.

Купете папка, и во неа ставете ги сите гаранции од сите производи низ домот. Во истата таа папка, запишете кој производ бара посебна нега, и направете мал распоред (кога во годината се чисти фрижидерот, кога треба да ги повикате дечките за климата, кога е време да се извади бигорот од бојлерот…)

Можете да направите и мал распоред за тоа кога ќе го чистите домот, или кога ќе повикате некој да го стори тоа место вас.

Одредете посебно шкафче за средства и крпи. Помислете само на истурено вино врз вашата гарнитура- ќе сакате брзо да земете средство и крпа, па затоа помага кога се имате на едно место.

Алатот при рака

Ако нешто е позаморно од местење слики, тоа е барање бормашина од соседите. Ако нешто е понапорно од барање машина од соседите, тоа е купување бургии една по една…

Запомнете, домот е долгорочна инвестиција, па така и неговото одржување треба да биде доживеано на ист начин. Ако мислите дека одреден алат ќе ви треба само денес, најчесто сте грешка.

Вложете пари во основни работи како сет шрафцигери, имбуси, клучеви… Секогаш ќе се најдат. Ова особено важи доколку живеете во куќа.

tools_for_home_use

Чувајте и лента изолир, лепак, кутија шајќи, скалпер и ножици. Овие најчесто затребуваат.

Запознајте се со системите низ домот

Од каде доаѓа главниот кабел за електрика, водоводната цевка, за што служи секој осигурувач во контролната табла.

Повторно, запишете се на еден лист хартија и ставете го настрана.

Бидете спремни за прекини на електричната енергија и водовод

Да бидеме реални, живееме во Македонија. Па така овие работи знаат да се случваат поретко или почесто во одредени места, но се случуваат сепак.

Чувајте едно мало корито настрана доколку имате простор. Не знаете кога ќе се најде.

Истото важи и за сет свеќи или пак батериска рачна светилка. Некои се доволно моќни да ви го осветлат целиот дом- како на пример Lumitact G700.

Користете ја Реновирај.мк за да одберете мајстор кога ќе притреба

Најтешкиот дел во поправање нешто низ домот е наоѓање мајстор. Така барем моите ми велеа години наназад.

Се уверив во истото кога бојлерот ненадејно престана да работи, па требаше да најдам човек да го поправи. Сте знаеле дека бојлерот е најтешката работа за сервисирање во домот? Потребни се и електричар и водоводџија за да дојде се на место…

Како за проба, решив овој пат да не ја користам датабазата на Реновирај.мк и сам да најдам сервисери. Ова водеше до едно необично искуство- недела дена наместо туш, се полевавме со затоплена вода. Знаете што? Интересно беше само првиот ден.

Превенција од влага

Најважното за крај… Често проветрување, задолжително поставување аспиратор во кујната, и по можност машина за сушење алишта.

Доколку немате можност, поставете апсорбирачи на влага во неколку простории и менувајте ги со време.

Влагата е честа појава онаму каде столаријата е заменета со ПВЦ, а не е додадена термоизолациона фасада околу целата куќа.

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)