Мал, рационализиран дом на едно семејство ( пред и потоа )

На ова младо семесјтво му било потербно подобро распореден дом со оглед на тоа што нивните потреби за простор започнале да се менуваат. Maлиот дом претрпел некои промени со цел визуелно и реално зголемување на просторот.
Големото огледало кое е поставено во трпезаријата, визуелно двојно го зголемува просторот oд 63 м2. Трпезариската маса и столчињата се изработена од чисто дабово дрво а останатите елеменети се во чиста бела боја за просторот да изгледа што поширок.

spare_change-floating_mirror-oak-table-oak_flooring

Во собата на малиот сопственик ќе забележите слични елементи од дабово дрво. Елементите се чисти, без дополнителни детали кои би го отежнувале дизајнот. Столчињата се изработени од трупчиња дрво кои како што можете да забележите ја имаат основната форма.

2

Кога креветот не е во употреба постои можност да се подигне вертикално на ѕидот, така што тој ќе стане незабележителен. Заштедата на простор е огромна и тој во исто време може да се користи и за други потреби.

3

Креветчето за новиот член има прекрасен дизајн кој совршено се вклопува во ентериерот.

4
Креветот на двојката исто така се подига покрај ѕидот, просторот останува простран и искористлив за други потреби.

5
Помошното работно биро изработено од дрво, внесува топлина во оваа помалку студена соба, заради едноличноста на материјалите и боите.

6
Лесната лизгачка врата ја одвојува спалната соба од дневната а воедно служи и како позадина за проектор.

7
Вака изгледал овој дом.

8
Елементите се конретизирани единствено на потребното заради ограничените квадратни метри.

9
Кујната претрпела значителни промени.

10
Во новиот простор сите елементи се вградени во кујната за што поголема заштеда на простор.

11
Елементи од природни материјали се главната тема низ целиот дом. Природните материјали на природен начин го прават домот пријатен простор за живеење.

12
Бањата го прати дизајнот на останатиот дел од домот. И тука повторно главен мотив се елементите од природни материјали како и едноставните светли површини.

13

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)