Кутијата за чај како детал во вашиот дом

Ако сте фанатици за чај како мене, и често знаете утрото да го започнете со некоја врста на тревки, тогаш кутијата за чај е прекрасен подарок за вас. Но, ако никој сеуште не може да се сети на ова, можеби и не е така тешко да ја направите сами.

tea-bags

Без разлика дали станува збор за ќесички чај, или пак органски чај кој доаѓа во форма на суви тревки, дизајнот е скоро ист. Број на прегради во зависност од тоа колку поделби планирате, големина на самата кутија во зависност од тоа каде планирате да ја поставите, а и какви се вашите навики за складирање и чување на залиха од чаеви.

Повеќето идеи кои ќе ги најдете на интернет се вртат околу дрвената кутија со горно отворање. Капакот може да биде стаклен, и целиот сетинг да изгледа навистина рустикално, а може и да додадете некој постер одозгора кој самите ќе го дизајнирате. Компаниите за детокс чаеви прават одлични маркетинг трикови со ова, дизајнирајќи прекрасни кутии за чај. Сликите кружат и стануваат вирални, па така брзо се шири гласот за нивниот бренд. Не е ни чудо што Пинтерест профилот зачестено ми покажува кутии чај од Fit Tea.

fit-tea-review

Направете ја вашата кутија за чај со заклучување и додајте катанче за да го добиете оној vintage изглед.

Другата варијанта е складиштето за чаеви да го префрлите во една од вашите фиоки. Доколку имате простор, или пак успеете да прегрупирате дел од фиоките, едноставно исечете тенок но тврд картон и направете поделба во самата фиока.

tea-bags-2

Секако, можете и да одвоите простор на зидот па таму да ја закачите вашата колекција на чаеви. Ова веќе дава еден поинаков естетски елемент во кујната, па можеби ќе сакате да дополните со едно мало тематско катче.

Ако се одлучите за ваква варијанта, додајте го и сетот за подготвување и служење чај, мала цедалка, стара вага за мерење…

tea-bags-3

Во старите култури, а и низ кинеската традиција, изложувањето на сервисот за чај било еден од начините да се покаже престиж и статус. Вие можете да го користите за покажување на вкус и како мал опис на вашиот карактер.

Кутијата за чај ќе биде интересен детал во вашиот дом, а можеби и ќе ве инспирира да одвоите еден мал дел од кујната и тематски да го уредите. Ако ништо друго, неизмерно ќе уживате во вашиот утрински ритуал, а пријателите често ќе ве прашуваат како и каде да си набават ваков интересен детал и за нивниот дом.

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)