Комбинации со пастелни бои во вашиот дом за 2014

А што велите за многу пастелни бои во вашиот дом?

комбинации со пастелни бои 7

И покрај фактот дека студениот период допрва треба да почне, а пролетта и летото се далеку, модата и светот на внатрешното уредување веќе работат на трендовите за пролет-лето 2014. Пастелните бои како портокаловата и зелената , надополнувани од кобалт сината, тексасот и често повторливата морнарица во сини и бели линии се во мода низ целиот свет.

комбинации со пастелни бои 4

Добра комбинација на овие бои можат да направат вашиот дом да изгледа многу добро на многу економичен начин. Има нешто толку многу релаксирачко во овие полесни нијанси на палетата на бои за вашиот простор.

комбинации со пастелни бои 3

Бањата, спалната соба и дневната соба се идеални за користење на меки бои во форма на текстил, постелнина и украсен декор.
комбинации со пастелни бои 2

Користењето на пастелни бои се еден едноставен начин да се подобри изгледот на вашиот дом. Овие бледи нијанси лесно се вклопуваат меѓу себе, а исто така можат да се користат и за добар контраст со смели детали во силни , живописни бои или за детали со остри линии.

комбинации со пастелни бои 5

Без разлика каков мебел или декор имате во домот, ќе забележете дека пастелните бои се одлични како позадина за вашиот простор.

комбинации со пастелни бои 6

Обидете се со бледо розова, прозрачна сина или деликатно зелена на вашите ѕидови и веднаш ќе ја забележите разликата на енергијата која ја внесуваат овие бои во вашиот дом.

комбинации со пастелни бои

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)