Кои бои да ги користите во мал простор

Повеќето дизајнери одбегнуваат користење на храбра боја во малите простори, меѓутоа не постои причина која би ви ја ограничила имагинацијата за да пробате да искористите некоја храбра боја во вашиот мал простор.

 

Светлината ги истакнува спесифичните предмети во просторот. Центарот на вниманието во оваа кујна го имаат елементите околу мијалникот кои се надополнети со елементите од силна сина боја во модернистички стил.

1
Кога длабоката црна боја ќе се искомбинира со белата боја полна светлина, тоа може да даде чувство на длабочина дури и во најмалите соби.

Spek. Södermannagatan Jimmys hem. Av Jimmy Schönning.
Добрата комбинација на силни и темни бои може да има уште поголем ефект во малите простори. Во овој стан во Берлин, кујнските елементи се во суво розева боја а останатите елементи се темни што додава разиграност во просторот а сепак останува темен и префинет.

3
Мебелот со нагласени линаерни елементи помага да се спречи нередот во малите простори. Тој особено е ефективен доколку е нагласен од некоја силна боја како оваа клупа за складирање.

4
Доколку сакате да создадете мало топло катче од вашиот минијатурен простор, тогаш користете многу дрво. Дрвото природно дава чувство на топлина и удобност.

5
Разиграните елементи како што се обоените плочки во бањата во овој мал стан на Менхетн додаваат карактер дури и во најтесната средина.

6

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)