Како да направите помошен објект за во дворот

 

На повеќето од нас ни е потребно повеќе простор за работење, складирање или за некакво хоби. Но, додавајки соба на нашата веќе постоечка куќа може да одземе многу време и пари. Тоа е причина поради која луѓето многу често се одлучуваат за мала гаража. За овие помошни објекти најчесто не е потребна дозвола и брзо и лесно се поставуваат. За нивна инсталација потребно ви е само малку време.

 

  • Одберете ја намената на гаражата

Дали ви е потребна само за складирање или ќе ја користите и за градинарство. Можеби билијард? Детска соба? Ова ќе ви помогне да ја дизајнирате. На пример можеби ќе сакате повеќе прозорци за природна светлина ако ја користите како работна соба.

1
  • Измерете

Измерете ги ставките кои ќе сакате да ги чувате во вашата гаража за да добиете претстава колкава би требало да изгледа таа.

2
  •  Проверете ги правилниците

Секоја општина има различни ограничувања кога станува збор за шупи или друг вид помошни објекти. Доколку помошниот објект ги надминува дозволените димензии, за него ќе мора да имате дополнителни трошоци.

4

Можете да започнете со изведба

  • Одберете ја цврстината на градбата

Рагледајте ги опциите за што ќе ви биде најмногу потребен овој помошен објект па според тоа одберете го и материјалот од кој ќе биде таа. Лесна конструкција од дрво која нема да има голема изолација и која ќе биде доволна за складирање на елементите од градината или цврста изолирана градба која ќе ја користите и како помошна соба.

5
  • Големина

Утврдете колкава големина на простор ви е потребна за користење според расположливиот простор во градината. Внимавајте на тоа да не го затворите просторот и да не ја придушите градината.

  • Mатеријали

Доколку одбравте објект кој ќе има лесна градба и кој вие сами ќе го направите, внимавајте при изборот на материјали. Доколку го правите од дрво , морате да го заштитите од надворешните услови за дрвото да остане непроменето.

  •  Изолација

Внимавајте на изолацијата. Во зависност од намената на просторот ќе ви биде потребна и соодветна изолација. Доколку го користите само како простор за складирање тоа нема да ви биде многу потребно. Меѓутоа, доколку го користите и како помошна соба, или како дел за складирање на растенија, ќе мора да имате соодветна изолација.

6
  •  Светлина

Светлината е пресудна за изгледот и намената на сите простори. Доколку просторот го користите како помошна соба или како работилница, ќе ви биде потребна голема количина на природна светлина.

3

Доколку сакате да направите комплексен објект или сметате дека не можете сами, оставете го тоа да го направат професионалци. Тие најдбро знаат што се ви е потребно за изведба. Нашата страна располага со голем број на столари и мајстори кои професионално ќе ја извршат работата. Повелете!

 

 

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)