Како да комбинирате различни стилови на столчиња

Комбинирањето на контрастно различни столчиња може да додаде карактер и сенсибилитет во вашиот простор а воедно вам да ви помогне да го зачувате буџетот. Ќе погледнеме неколку домови каде што е експриментирано со комбинирање на различни столчиња.
Во овој дом се кобинирани урбани столчиња за трпезариска маса со светло зелени стари столчиња. Секое столче има едноставни линии така што заедно, иако се различни, изгледаат комплетно вклопени во овој простор.

1
Целта на комбинирањето на овие столчиња била да се истакне контрастноста на стиловите помеѓу нив. Едните се архаични а другите модерни. На тој начин се истакнува убавината на секој од нив бидејки се тотално спротивни меѓу себе.

2
Во овој дом се искомбинирани повеќе бои и стилови на столчиња така што секој од гостите може да си го одбере омиленото на кое ќе седне. Тие имаат различен стил меѓутоа се совпаѓа нивната еднолична основа, односно рамниот тон на боја низ целата нивна површина.

3
Голем број на неутрални столчиња и еден едноставен стол со силна боја. Вистинска комбинација за ова модерно поткровје.

4
Овој привлечен дом се карактеризира со големи впечатливи ламби и секако многу столчиња во различни стилови а сепак комплетно вклопени во овој прекрасен простор.

5
Комбинација на различни стилови а една боја. Тоа ја прави оваа трпезарија толку интересна и современа.

6
За оваа забава се искористени голем број на интересни столчиња и додатоци. Прекрасен склоп на стилови и бои, токму за ваква забава на отворено.

7
Овој стан во Лос Анџелес е декориран со електричен микс на мебел вклучувајки мебел од 60-тите и од 90-тите.

DW0407_CHINA_07

 

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)