Транспарентност при изборот

Транспарентност при изборот

Идејата зад Реновирај.мк е навистина едноставна. Она во што ние веруваме е дека на квалитетот треба да му е се даде шанса со тоа што што сите ќе добијат еднаква можност за да се докажат во својата работа. Затоа направивме систем каде вие корисниците ќе можете самите да го вреднувате квалитетот на услугата.

Другите места кои служат за промовирање на услуги од овој тип не ви даваат увид во нивото на квалитет на оние помеѓу кои правите избор. Секаков избор е притоа со двоумење или пак води до навистина лошо искуство. Овде, на Реновирај.мк, покрај сите информации за оној кој сакате да го најмите можете да погледнете и оценки како и препораки од други лица.

Со ова доаѓа до подобрување на понудата преку зголемена конкуренција и, што е уште поважно, основање на систем каде корисникот е оној кој ја дава оценката за работата. Сето ова води кон значителен пораст во квалитетот на услугата во нашата држава.

Изберете мајстори од цела Македонија

Изберете мајстори од цела Македонија

Промовирајќи квалитет, идејата беше да го прошириме пазарот за оние кои навистина добро си ја вршат својата работа.

Со таа причина, а и поради желбата да ви понудиме поголем избор, Реновирај.мк ја опфаќа целата територија на Република Македонија.

Со ова, се овозможува да оној кој нуди квалитет добие реклама, а со тоа и работа не само во својот град на живеење туку и на територијата на целата држава.

Профил страници за мајстори

Профил страници за мајстори

Реновирај.мк е исто така единствено место каде фирми или поединци кои нудат услуги можат да добијат отворена платформа за промоција. Имено, ние овозможуваме да секој член добие своја профил страна, каде тој самиот ќе одлучи околу промотивниот материјал – Информации, слики, буквално се што ќе ја промовира неговата работа.

Оваа профил страна служи како мини веб портал кој ќе биде помовиран пред многумина заинтересирани корисници. Фирми или пак поединци, контактирајте не со било каква информација, а ние ќе се погрижиме таа соодветно да ве претставува. Нашиот тим без никаков надоместок ќе соработува со вас со цел да можете најдобро да се промовирате.

Форум и платформа за комуникација

Форум и платформа за комуникација

Она во што исто така веруваме е давање можност на сите фирми и поединци во оваа индустрија да лесно комуницираат меѓусебе.

Со таа цел направивме платформа каде преку взаемна комуникација фирмите и поеднинците ќе можат да си помагаат еден на друг, а со тоа и ја подобрат услугата во државата.

Совети околу квалитетни и ефтини материјали, споделување искуства, помагање при работата и постојана меѓусебна соработка. Ваква платформа за комуникација одамна беше потребна во Република Македонија и наша цел беше да ја направиме реалност.

Корисни совети за вашиот дом

Совети за уредување на вашиот дом

На блогот ќе најдете многу идеи како и корисни совети околу тоа како да преземете голем дел од работата во ваши раце.

Реновирањето на вашиот дом, како што ќе се уверите, може да биде навистина забавно но и едноставно. Совети околу дизајн, работа со дрво, проекти кои навистина ќе ви го олеснат секојдневието… Читајте и не двоумете се да не контактирате доколку имате да споделите некоја интересна приказна или пак совет.

Достапни на сите мобилни телефони и таблети

Во време каде брзото темпо на живеење е очигледно, и каде технологијата станува се поголем дел од нашето секојдневие, ние се одлучивме да го направиме вашиот изборот поедноставен и попрагматичен со тоа што Реновирај.мк ќе биде достапна и на мобилните телефони и таблети.

Уживајте во беспрекорното искуство и брзина при изборот каде и да сте.

Ајде заедно да избереме квалитет во услугата, и беспрекорно искуство при изборот.