Домашен простор за фитнес

Низ изминативе години сведоци сме на огромниот раст на фитнес индустријата. Како наеднаш сите да се опседнати со одржување на фигурата, подобрување на физичката способност, и присвојување на еден стил на живот кој не уживаше толкаво внимание до неодамна.

2

И додека фитнес индустијата зема замав и на нашите простори, начинот на кој луѓето се посветија на овој тренд често варира. Па така, од една страна можете да ги забележите оние кои уживаат во активност на отворено, а пак други како преферираат сала за вежбање или некои од многуте теретани низ градовите.

Она што е битно за многумина пак, е можноста да се вежба и работи на својот фитнес од комфортот на сопствениот дом. Па така ќе забележите домашни фитнес справи, разни помагала… Предизвикот е како тие да се искористат во домот, односно како да се ослободи простор за вежбање.

Дали тоа е во вашата дневна соба, гаража или подрум, постојат некои насоки кои треба да се почитуваат.

Користење на дневната соба за фитнес

5

Дневната соба е често идеалното место за фитнес. Просторот е поголем и не ви ги ограничува движењата, телевизорот е пред вас и можете да пратите упатства и програми небаре работите со личен тренер. Западните трендови веќе одамна ни ги донесоа ДВД фитнес програмите, а сега новиот бран на производи како Beachbody on demand овозможува пристап до цела библиотека на фитнес вежби преку телевизор и интернет конекција.

3Но што е она што морате да го запазите доколку вежбате во дневната соба?

Најпрвин, без разлика на типот на вежби, најчесто сите носат некоја опрема со себе. Важно е да најдете соодветно место за јога чергичката, теговите, ластиците со отпор… Постојат и доста вратила кој се монтажни или пак едноставно се ставаат и вадат од касата на вратата.

Во зависност од подот, препорачливо е дапоминете со сува крпа веднаш после вежбањето бидејќи потта знае да го уништи паркетот па дури и ламинатот со време. Плочките се најлесни за одржување, и пружаат најголема цврстина, па доколку фитнесот е битен дел од вашиот живот, тие можеби се и најдобрата опција.

Ослободете го просторот пред телевизорот, затвотере ја вратата за да добиете атмосфера за вежбање, и подотворете некој од прозорците за проветрување. Препорачливо е климата да не работи додека не завршите со вежбите.

Гаража или подрум

4

Она што многу луѓе забораваат да го земат во предвид е застоениот воздух во подрумите и гаражите. За таа цел, доколку немате опција да вградите вентилатор, бидете сигурни да го проветрите просторот дури и неколку часа пред вежбање.

Пристапот до сопствена гаража или подрум овозможува да направите цело катче посветено на фитнес. Статичен точак или пак лента, пилатес топка, мека основа на подот, тегови со различна големина… Сето ова е мала инвестиција за уживањето кое ќе си го пружите.

Маневрирање во мал простор подразбира справи кои се на лесно преклопување, за да се овозможи повеќе флексибилност во просторот при различни типови на вежби. Бенч клупа на подесување е една од најкорисните справи, особено бидејќи можете да почнете со додавање на опрема и тежина постепено, а со тоа и да заштедите.

Подеслива клупа, челична олимписка шипка, пар рачни шипки (бучичи) и неколку плочки од 10 и 5 килограми. Овој сет ќе ви овозможи огромна комбинација на вежби, и брз прогрес во тежинскиот тренинг.

Можете да наместите и вратило, или пак peg board (кои лесно се вградуваат а овозможуваат неверојатен тренинг за грбот, рацете и рамената…)

1

Исто така, дел од опремата кој зафаќа малку простор, има многу намени и е ефтин за изработка или пак нарачка, е дрвената кутија за plyo тренинг и скокови. Направете ја со отвор одоздола, и во внатрешноста може да ги чувате малите рачни тегови, ластици за отпор итн.

Доколку се одлучите за мини теретана во вашата гаража или подрум, можете да додадете и неколку постери кои ќе ја подигнат атмосферата, посилно осветлување, или пак огледало од подот до таванот кое ќе ви овозможи да ја пратите формата на вашето тело при изведување на вежбите (ова ќе ви помогне побрзо да напредувате, ќе ве мотивира, а што е најважно и штити од повреди). Звучен систем знае многу да допринесе за целата атмосфера, но може да ставите и некој мал пренослив бежичен звучник како Bose mini soundlink или пак да пуштите музика од вашиот телефон.

Каде и да вежбате, осигурајте се дека на дофат секогаш е шишето со вода, пешкирот, потребната опрема, и телефонот. Фитнесот во сопствениот дом може да биде вистинско ужување во зависност од просторот. Но какви и да се околностите, тоа не е изговор. Секогаш може да се преуреди еден мал дел, макар на час и половина, и да се има една добра фитнес сесија.

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)