Posts Categorized: Блог

Како да направите дрвена патека

Дрвената патека е атрактивна на изглед а сепак значително поедноставна при изградба и се разбира поефтина кога е во прашање материјалот потребен за да се направи. Одлична е и исто така за предели каде е постојано влажно и лизгаво.

Патеките изградени со бетон или пак камен се скапи и бараат премногу работа. Премногу копање, исфрлање на земја, премногу материјал, и се разбира доста замор при целиот процес.

Прочитај го целиот пост »

10 алати кои секое домаќинство мора да ги поседува

Без разлика дали живеете во куќа или пак во стан, од работа никогаш нема доста. Понекогаш едноставни рутински поправки, понекогаш можеби и некој си поамбициозен проект кој верувате дека може да се изведе, сето ова бара одредено ниво на знаење и подготвеност.

Но знаете како рекле старите – мајстор без алат не го бива. И со право. Ако ги немате потребните алатки, па макар се работело и за наједноставните зафати по дома, по се изгледа дека секој ваш обид ќе биде ништо повеќе од вежба на фрустрација.

Прочитај го целиот пост »

Како да направите двосед лулашка

Доколку имате тераса, живеете во куќа или пак имате место каде би можеле да отидете преку викендот, би можеле, со многу малку средства и време, да направите извонредно место за одмор и релаксација.

Двосед лулашките нудат комфорт и удобност, се навистина интересен детал, нивната разновидност во модели и декорација овозможува да одлично се вклопат во скоро секој ентериер.

Прочитај го целиот пост »

Како да изработите едноставен држач за кабли

Доколку сте имале потреба од продолжни кабли додека работите, веќе сте запознаени со фрустрацијата која произлегува од пакување односно отпакување на истите.

И ако често вашата работа низ дома започнува со одвиткување јазли, кои всушност колку и да пробувате никогаш не би можеле да ги направите сами, тогаш овој навидум едноставен совет ќе ве спаси од постојано губење време и нерви.

Прочитај го целиот пост »

Како да ги поминете пролетта и летото во вашата градина

Како што деновите стануваат се поголеми и внатре станува се по неиздржливо, имањето двор претставува вистински благослов. Но прашањето кое се поставува е дали доволно го користите вашиот дворен простор. Сте размислувале ли дека поголемиот дел од денот додека сте дома може да се помине токму надвор?

Немате идеја како да го изведете тоа? Продолжете да читате.

Прочитај го целиот пост »

5 алати кои ќе ве спасат од фрустрација

Ако барем некогаш сте пробале да испаднете на крај со поправки низ домот, шансите се дека сте ги воочиле недостатоците при припремата, и поконкретно алатот кој го користите.

Во овој текст ќе ги наброиме петте навидум не толку важни, но доста потребни алати и помагала кои ќе ви овозможат полесно да се снајдете низ домот секогаш кога ќе биде потребно да сработите нешто.

Прочитај го целиот пост »