12 соби со креативни подови

Без разлика дали се користат еднобојни или дизајнирани плочки, поплочените подови можат да бидат вистински уметнички дела доколку бидете само малку креативни. Неутралното веќе не е норма. Подовите стануваат исто толку важни како и ѕидовите. Од керамика, до порцелан овие 12 соби имаат сериозно креативни подови.

 

1. Плочките во форма на крило ќе ви овозможат да креирате сопствен изглед. За овој дизајн, измешани се нијанси на сиво и силна жолта боја што создава динамичен изглед на оваа соба.

111
2. За овој изглед се користени монохроматски плочки со и без детали и вклопени се во оваа соба полна со природна свеетлина. Целината изгледа прекрасно и стилски.

222
3. Овие плочки обично се користат во деловни простории, меѓутоа одлично ќе изгледаат како детал во некои станбени како во кујната или во собата за игри. Овој начин на користење на плочки во боја создава кул, визуелно зашеметен простор.

333
4. Убав мозаик од плочки во повеќе нијанси на сино. Тие се вклопуваат одлично со оваа неутрална основа на бањата и созадаваат еден модерен и стилски простор.

444
5. Плочките во електрично сина боја додаваат еден модерен допир на оваа традиционална влезна врата.

555
6. Склоп на бои и дизајн кој одлично се вклопува со основата на просторот. Подот го има центарот на вниманието и создава една убава енергија.

666
7. Овие шестоаголни плочки се навистина забавни и лесно можете да си играте со дезени и бои. Опциите се бескрајни а можете да создадете убава приказна на вашиот под и да го освежите домот.

777
8. Мозаик! За да го направите ви треба навистина малку повеќе време и трпение од стандардното редење на плочки за да ја вклопите секоја мала плочка на вистинското место што го сакате и да ја добиете приказната на плочки која сте ја замислувале. Замислете колку време било потребно да се направи овој мозаик.

888
9. Оваа бања е дизјанирана со класична основа и уште една класична шема на редење на плочки – шевронен шема. За да се разбие таа монотонија на класични модели, плочките се прошарани со помалку плочки во боја кои неодредено се распрснуваат во просторот.

999

10. Овој шарен под во основни бои можеби ви изгледа како изрежано дрво меѓутоа тие се порцелански плочки. Со различен сплет на боите се создава различен изглед и секој од нив е уникатен.

101010

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)