10 неверојатни тавански прозорци

Таванските прозорци може да бидат во повеќе облици и големини, но нивната практичност е универзална. Овие соби имаат различни тавански исечоци кои даваат изобилство на природна светлина.
Овие три испакнати тавански прозорци се највпечатливата карактеристика на оваа реновирана средина. Поставени се под агол за да фрлаат светлина и наутро и попладне врз пространата дневна соба.

casa-delpin-living-room
Господарската бања во домот на овој архитект во Амстердам, располага со светилник овој пат не во средината на таванот туку околу неговите рабови. Како резултат на овие тавански прозорци светлината се истура по ѕидовите и му дава на просторот мек сјај.

DW0808_FARO_10
Реновираната куќа  изгледа повеќе пространа благодарение на испакнатиот дел на таванот, која не само што обезбедува повеќе простор туку и овозможува прилив на свелтина што резултира како триаголен светилник.

3
Aрхитектот на овој дом вметнал тавански прозорци кои овозможуваат сончевата светлина да се филтрира во минималистичкиот простор во домот вклучувајки ја конктретно и оваа бања.

4
Сончевата светлина излегува од овој правоаголен процеп во таванот и се лизга надолу по скулпторскиот ѕид, осветлувајки го просторот и воедно создавајки интересна игра на светлина и сенки.

5
Внатрешноста на овој правоаголен дом во Лос Анџелес е веќе светла, благодарение на централниот двор, но големите кружни прозорци низ куќата додаваат дополнителна светлина и нудат убава глетка на небото.

6
Реновирањето на оваа стара куќа во Италија било малку тешко, поради неправилните ѕидови од камења кои не овозможувале да се пробијат делови за прозорци. На крајот проблемот е решен со тавански прозорци во кујната, кои помогнале да се направи просторот светол и привлелечен, додека сеуште е задржан стариот карактеристичен изглед на објектот.

7

 

Овој дом предходно бил стаклена градина. Просторот во трпезаријата е надополнет со тавански прозорци за тој да се наполни со голема количина на природна светлина.

8
Оваа бања во Сан Франциско се карактеризира со експанзивен процеп на таванот што се отвара, дозволувајки му на дождот да допре во просторот.

9
Повторно тавански прозорец во бања кој овозможува голема количина на природна светлина да го истакнат мозаикот на високите ѕидови во бањата.

P

 

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)