10 начини визуелно да го скриете клима уредот

Mини клима уредите ги има скоро во секој дом како ефикасна алтернатива на централниот систем за климатизација. Зошто? Затоа што можете поединечно да ја контролирате температурата во секоја соба, така што нема да губите енергија за ладење на собите кога не сте внатре.

Capture

Од естетеска гледна точка тие немаат некој посебен дизајн, така што често не се вклопуваат во модерните ентериери. Затоа тие се предизвик за дизајнерите да ги скријат или разубават делот каде што се наоѓаат овие уреди без кои не можеме. Индивидуалните мини клима уреди не се пошироки од 18 см и не се подолги од 90 см во зависност од моделот. Да работат ефикасно, тие треба да бидат поставени високо во собата, така што разладувањето на воздухот ќе има најголем ефект.

За да го интегрирате уредот во вашиот ентериер ви претставуваме неколку погодни позиции.

 
1. Вдаден во ѕидот
Ако можете да си го дозволите луксузот да направите корекција на просторот, обидете се да го поставите вашиот мини клима уред ваден во дупка во ѕидот за да се минимализира растојанието кое се издигнува од ѕидот.
Можете да додадете и малку вештачко светло кое ќе си поигра со сенките и ќе оттргне вниманието од клима уредот.

2

2. Над прозорецот
Особено во тесните простории со ограничен простор местото над прозорецот е идеално за вашиот клима уред. Од друга страна пак прозорецот е обично најслаба точка за губење енергија, па можеби ќе добиете подобри резултати од клима уредот доколку го поставите далеку од прозорците каде студениот воздух не може да избега така лесно.

3

3. Над вратата
Друго место каде што можете да ја поставите климата е над вратата во собата. Тоа ќе ви овозможи да не губите простор и ќе ви овозможи комотно да поставите висок мебел на ѕидовите.

4
4. Над креветот
За тие што сакаат да спијат во ладна просторија и со постајано вклучена клима, препорачуваме да ја поставите над креветот за ладниот воздух не доаѓа директно до вашата глава а воедно ќе го скриете од погледот

5

5. Над плакарот
Уште едно тешко достапно место ( што инаку собира прашина) е над плакарот. Кога ќе погледнете од долу уредот ќе се гледа минимално.

6
6. Над библиотеката
Можете да забележите дека големината и обликот на полиците е слична со големината и обликот на клима уредот. Со тоа се добива еден смирен визуелен ефект со што кутијата на клима уредот не е толку впечатлива.

7
7. Во отворена полица
Кутијата на клима уредот тука е инегрирана во ѕидните полици и таа е дел од забавниот дел од собата. Тој како и воопшто да не се забележува. Вметнат е во веќе постоечкиот ентериер и не е впечатлив.

8
8. Направете сами решетка која ќе го покрие уредот и која ќе се совпаѓа со вашиот мебел
Бидете малку креативни и направете капак од дрво или од материјалот од кој е направен вашиот мебел. Поставете го над клима уредот. На тој начин сосема ќе го скриете.

9
Капакот во овој случај е дрвена решетка, која овозможува на воздухот да помине низ неа. Таа е составена од летви од темно и светло дрво кои се вклопуваат со останатиот дел од мебелот.

10
9. Обојте го ѕидот
Понекогаш само бојодисувањето може да направи магија. Боењето на ѕидот во иста боја со вашиот клима уред може да направи тој речиси да исчезне на прв поглед.

11
10.Маркирајте го меѓу другите ѕидни декорации
Наместо да го криете уредот, овој пат вметнете го како дел од другите украси во прсоторот. Тој е помалку забележлив, затоа што се вклопува со останатиот декор на ѕидот.

12

 

Остави коментар:

  • (нема да биде објавен)